Saturday, September 1, 2007

Eldridzh Logo

Филмови

Сите филмови што ќе ги препорачам овде можат да се најдат сегде на дивиди издание. Читањето на овој пост можно е да ви расипе некој филм што не сте го гледале ама без страв… нема.
Еве ја листата на филмови што ми се допаднале и ми се допаѓаат:



Фајт Клаб - филм за машкото его во кој љубовната приказна е со среќен крај.
Изведбата на Бред Пит и Едвард Нортон за двете страни на протагонистот не ни може повеќе да биде на место. Воедно и филм со многу теми што не засегаат во модерниот живот. Мада е исполнет со еден куп американски срања мислам дека сум го гледал едно 389 милијарди пати на 118ти степен во периода и си го самопрогласив за “најдобар филм воопшто”. И не сум единствениот на многу од нас ни се допаѓа-ду нат фак вит ас. Хахахаха




Троја- Одличен филм, пак Бред Пит, штета што не било баш така во реалноста и не е филмот напраен стриктно според Хомер тотално, ама има полно поучни моменти, иако се смета дека во тоа време сите грци биле со црна коса и црн тен, во Илијада (книгата од Хомер) Атина го зграпчува Ахил за"русите коси" така што Ахил имал жолта коса. А главниот фраер во цел филм убедливо е Хектор што го глуми Ерик Бана кога ќе се земе дејството во предвид.












Конан, Терминатор 2, Тркач, 6ти ден, Тотал Рикол итн... - хард кор филмови во кои глуми Арнолд Шварценегер кој според мене е буквално најдобриот акционен херој хаха овие филмови се со херојска фантазија или научна фантастика со солиден хумор стварно ме орасположува Шварценегер со ликовите кои ги разви на платно сакав да бидам ко терминатор уште од мал.


Блејд 1, 2, Блејд Тринити - серијал на најдобрите ес еф акции што ги извел Весли Снајпс кој меѓу другото е и мајстор во повеќе системи од боречките вештини.(Исто добро ес еф остварување му е и Демолишн мен) Акцијата е ептен кољачка а најдобро е направено умирањето на вампирите кои се претвараат во пепел со ептен добар компјутерски ефект на согорување мада на места и се приметува дека делчиња од борбите се анимации ама нема врска филмчиња без многу замарање, вадење мечот и ловење на вампири а и приказните се одлични посебно заради тоа што се базирани на стрип и посебно заради тоа што Блејд е меѓу првите стрипски херои(имаше Блејд стрипови во изданијата Стрипотека таму Блејд е со афро фризура) што е црнец што е уште еден плус против минусот на расизмот.


Хајлендер - Филм со бесмртници и мечови продолженијата не чинат толку колку што е добар првиот дел сам за себе. Кристофер Ламберт ептен е добар во тој филм заедно со Шон Конери меѓутоа како глумец е троа бош ама мене ми беше идол како мал.














Матрикс 1, 2, 3 -Матрикс кецот ме уфилма максимално подоцна се смеев како сум се уфилмал на летање и неразгибаниот Нео, мада испадна најфилмачкиот лик еден период кога на интернет секој втор се крстуваше Нео хахаха Да смешно е од страна ама и јас бев таму за блокбастерите па знам како е. Според мене најдобри остварувања на Кијану Ривс се во двата дела од Бил и Тед, а исто ми се допаднаа и Адвокатот на Ѓаволот кај што Ал Пачино е ѕвер и Константин кај што Кијану е Антихерој што се бори за добро-и башка е базиран на стрипот Хелблезер.



Икс мен 1, 2, 3,- Филмовите се добри колку што може да се напраи сега филм за тој стрип, мада многу работи од стриповите се извртени во приказните од филмот пак се тука негде, пример ќе го спомнам ликот на Вулверин што не е согласен со малото љуто човече што стално пуши пура, пие пиво и лесно се нервира, бивш самурај вљубен во јапанка што го фаќа “лудачкото” кога ќе му прекипе и не трпи никаков притисок и авторитет што го има на стрипот е различно од “Елвис сликата” што ја интерпретираше Хју Џекмен ама пак беше добар иако во одбрана на Вулверин можам слободно да му речам “ју џаст донт кат ит, ду ја?... баб”, разбрав дека Глен Данзиг (Danzig) го барале да го глуми Вулверин(можеби заради агресивноста, бакембардите, телото и неговата љубов кон стрипови) што ќе беше трипати подобар да прифатеше ама претпоставувам дека одбил дека нејќе многу мејнстрим незнам.



Пич Блек, Хрониклс оф Ридик попознати како Ридик кецот и Ридик двојката ес еф акција најасалните филмови во кои глумел Вин Дизел, мада приказните се веќе видено недообјаснето сценарио ликот е гром, многу подобар од ликовите на кељав џибер со златен ланец што пие нафта во тоа глупите тркачки филмови Ту Фаст Ту Фјуриес и мафијашите и Трипл икс глупостите од типот “да ги убиеме лошите руси.” Исто неочекувано остварување има и во комедијата Фајнд Ми Гилти кај што не личи на себе ама се глеа дека напреднал.



Монти Пајтон, Лајф оф Брајан, Холи Грејл, Мининг оф Лајф(итн) и сериите им се тотално лудило и кинење од смеење, исмеваат што ќе стигнат - воглавно авторитети, немам зборови за нивниот хумор, толку е швркнат што неможеш да не се смееш.



Глуп и Поглуп, Пет Детектив 1 и 2 Џим Кери е мајстор за комедија, како и да е испадна дека го бива и за ес еф драма како што покажа во филмот Етрнл саншајн оф а спотлес мајнд каде првпат го видов во одлична глума на сериозен лик.


Ејт Мајл - браво за Еминем и покрај тоа што покажа дека е паметен и успешен иако е троа мороничен, покажа дека ептен го бива со филмот кој има солиден реален крај баш поради фактот што ликот не успева на крајот и покрај сите невољи туку продолжува со стара борба.



Стар Ворс 1,2,3,4,5,6 - Сага, ама каква? За мали деца. Аргументи: Чуи и Џар-Џар. Обожам да ги исмевам џедаите и форсот мада и понекогаш уживам во децкото возење на таа авантура. Има многу крадени идеи пример раѓањето на Анакин Скајвокер што е зачнат во девица од Форсот е украдено од новиот завет и мешијанската легенда, после теоријата за медиклорини –демек мали организни што живеат кај форс сензитивци е од самата реална биологија каде во клетките на човековото тело имаме мали митохондрии со уникатни свои генетски информации, Џорџ Лукас мора да ја добил идејата за лајтсејбер кога видел неонка а форсот е комбинација на телепатија, телекинеза, лечење со допир и други источни идеи ништо ново. Потоа ликот на Дарт Вердер е краден од Ликот на Доктор Дум од Фантастик Фор стриповите со таа разлика што е целиот во црно и шлемот му е нацистички а маската како гас маска.ЕЕЕее иф онли ју нју д пауовр оф д дарк сајд е е ееее…




Клокврк Оринџ од филмовите на Стенли Кјубрик Клокврк Оринџ е… па троа окејски филм и најдобар филм на Кјубрик после ес ефот Одисеја 2001ва(добри се сцените за еволуцијата на релацијата мајмун – човек, а не ми се допаѓа толку идејата со злобната вештачка интелегенција на Хал што пример ја имаат преставено други и во Матрикс и Терминатор филмовите според мене вештачката интелегенција би била помирољубива и би ни дала решенија а не би не уништила) и единствен негов филм кај што не тупи како во 2001ва и Доктор Стрејнџлов(кај што има два-три смешни моменти како зиг –хајлот по рефлекс и родеото на нуклеарка).



Гол Пиштол 1, 2, 3 или 33 и ½ - луди глупи пародии со Лесли Нилсен, лесни за гледање со хумор на секоја полу секунда и со хумор во позадина –поплава од неочекувани исмевачки моменти. Сепак суштината на хуморот воопшто е логиката дека смешно е неочекуваното. Пример праиш муабет за нешто и паѓа фраза ко буре од 25 литра. Или примерот со лизгање на кора од банана: се движи човек по улица и се лизга од кора на банана и паѓа па случајните минувачи се смеат затоа што тоа е неочекувано.



Хот Шотс 1 и 2 - после овие две пародии неможам да го замислам Чарли Шин во сериозен филм.


Скери Муви 1, 2, 3, 4 - и тука замеша прсти Чарли Шин, добри пародии на други филмови смешни се дури и ако не ги знаеш филмовите кои ги исмеваат.


Тенк Ју Фор Смокинг
- интелегентна комедија за еден од тешките проблеми што сите не гуши.


Инконсциентес - најдобрата психолошка комедија во која се обработени гледиштата на Зигмунд Фројд и резултатот од нивно следење и неследење.


КОСМОС - сериите со Карл Саган како наратор.



Барака - документарецот. Не документарец туку ДОКУМЕНТАРЕЦОТ.

Анимирани Филмови

Мононоке Химе

Еден од најубавите јапонски цртани што сум ги гледал, има прекрасна атмосвера, крвави битки и фантазиска филозофија.

Гоуст ин д Шел

Одличен стар јапонски цртан којшто им беше главен извор за крадење идеи на браќата Вачовски што ги направија Матрикс филмовите.



p.s.

http://www.imdb.com/

Интернет муви датабејс е сајт на кој има најдетални информации за филмови, глумци, глумици, режисери итн. Овој сајт има примени од типот: пропушташ филм на телевизија ама знаеш со кои глумци/ци е -го наоѓаш филмот(преку име на глумците/ците) на сајтов и може во краен случај да го даунлоадираш или купиш на дивиди.

Демистифицирање на митови(Реални објаснувања на Митовите)

Демистифицирање на митови во основа значи да се извлече што реално довело до создавањето на мит или реално објаснување на митот. Не се работи за урбани митови од типот “Дали пиењето кока-кола го пржи целиот организам од внатре?” Се работи за примери од митологија. Примери за демистификација на митови:

Кентаури




Кентаурите во грчката митологија ја добиле мутантската пола човек пола коњ репутација затоа што кога јавале се држеле за гривата од коњот и тоа во магла и од далеку личело на едно суштество.Или пак едноставно биле едни од првите јавачи кои биле погрешно исперцепирани.








Змејови


Змејовите и ламјите
што Гилгамеш ги победува во Епот за Гилгамеш
не биле диносауросолики пламенофрлачи туку едноставно биле непријателски племиња.


Од друга страна пак сосема е можно древните народи да откриле(пример при копање темели) скелети од диносауруси и од таму да излегле легендите за постоење на змејови.


Киклопи



Киклопите во грчка митологија(кои го гаѓаат Одисеј со карпи во Одисеја од Хомер)не биле едно-оки џинови со натприродна снага што живеат во пештери, туку биле вистинско старогрчко племе кое поради тоа што највеќе го развиле ковачкиот занает ги викале едно-оки или на старогрчки Киклопи затоа што ковачите го затвораат едното око кога коваат да не ги прснат искрите што летаат при ковање метал.


Аватари

Објаснување на зборот Аватар(или Аватара):


(10-те Аватари на Крушку ова не... Вишну)

-буквално значи "потекнува, од, потомок, слегува, се симнува(од небо)". Овој збор потекнува од индиска митологија и преставува “инкарнација на божество во човечко тело” примери од религии: Кришна е аватар на Вишну, Исус е Аватар на Таткото. Објаснувањето на мотивот на овој термин е сместено во потсвеста на народниот автор некаде помеѓу его трипот и контрола на население. А реалниот ефект се сликичките во профилите што се ставаат на форуми.Исто се сретнува и во компјутерски игри каде во играта буквално можеш да бидеш бог во човечка форма(во играта). (пример во Воркрафт 3 Маунтен Кинг херојот има шеста магија аватар и се трансформира во џин, или Дервишите во Гилдворс можат да заземат форми на аватарите на 5те божества во играта, итн.)...интересната демистификација е кај тоа што луѓето кои пропагирале постоење на аватари(и сл.) во Индија ги палеле телата на мртвите во “пагански” ритуали и ја раштркувале пепелта над ветерот и водата, а вистинската причина за палење на телата била да не се шират заразни болести и епидемии што би се ширеле ако би ги закопувале. :-}




Кришна и Арџуна


Демистификација на митот за Кришна и Арџуна:


Во индиската митологија Кришна е аватар на Вишну. Во Бхагават Гита се зборува за тоа како најдобар пријател на Кришна бил човекот Арџуна(лик со кој би требало да се идентификува читателот уфилман дека учи "од бога лично") кој му бил и ученик. Се зборува дека во битката кај Курукаштара Кришна го натерал Арџуна да одбере дали ќе се бори на страната на своите роднини, пријатели и сите луѓе што ги сакал или ќе се бори на страната на "севишниот" Кришна во неговата кочија -Арџуна го одбира Кришна и праи покољ на све мило ем драго. Поуката на приказната:"Сакај го Господарот свој повеќе од семејството и од сите други сакани."-којзнае колку господари во древна Индија се сителе на глупаци што потпаѓале под пропагандата на книги од типот на Бхагавад Гита наменети за контрола.




Магепсувачи на Змии




Магепсувачите на змии на прв поглед изгледа дека со својата музика ја шармираат и хипнотизираат змијата на која што и свират, и преку музиката ја котролираат меѓутоа... реалноста е дека змиите ги дрогираат со билки што ги прават летаргични и збунети плус им ги вадат забите или само жлездите за отров а најстар метод е да им ја зашијат муцката на змијата и да остават простор да излегува јазичето и најчесто користат видови на индиска или египетска кобра зошто кобрата е змија што убива со касање а не со гушење преку завиткување околу врат на жртва("тренираните"(дрогираните) змии не живеат долго и Магепсувачите на Змии често ги менуваат како "потрошив материјал во бизнисот".

(P.S. ) Орфеј


Е сега на основа на овој пример со Магепсувачите на Змии можеме само да препоставуваме како се развил митот за старогрчкиот Орфеј кој со својата лира "тоолку убаво свирел што магепсувал и смирувал диви ѕверови".


Виснатите уши на Буда


Во будизмот се промовира верување дека ако долниот дел на увото е слепен со образот и брадата дека тој човек е нов и е роден за прв пат, е сега со секоја наредна реинкарнација долниот дел од ушите е се поголем и повиснат. Буда има највиснати уши демек поради тоа што се реинкарнирал безброј пати, а реалноста е дека виснатите уши на буда се резултат на носење на скапи и тешки(веројатно златни дека златото е тежок метал) меѓуши (добро ај обетки) а не на "неговите безбројни реинкарнации".



"БатРфлај Ефект"

Ефектот на пеперутката се базира на теорија на хаосот. Во основа гласи дека ако пеперутката пафне со крилцето може да предизвика торнадо, нешто во смисла дека ефектот на мала промена може да предизвика големи промени(или потупачката официјална физи-математичко накинџурена празнозборовна верзија на објаснување на истото:(цитирам:”мали варијации во иницијалната состојба на нелинеарен динамичен систем може да предизвикаат големи промени во понатамошниот даалечен развој на системот.”)Хм… ако е ова вака што ќе се деси ако се разлетаат 132 пеперутки истовремено? Апокалипса! Хахаха Батрфлај ефектот ми е смешен затоа што преставува будистички црн хумор зачинет со лимес од пи и квадратен корен од минус бесконечност, исто е ко да кажам дека ако сега запалам цигара дека на Алфа Кентаура(најблиската ѕвезда до нашето Сонце) ќе истребам четвртина од популацијата!И да постои ефектов нема впечатлив домет во реалниот свет.(не ја бранам јас теоријава само и се смеам, зошто ова е теорија на која се филмаат сеуште(срамота за во 21ви век) многу луѓе и теоријава спаѓа во ист кош со хороскоп, тарот карти, гледање на кафе, читање Паоло Куељо бестселери… итн.):-}


Слика 1









Слика 2


Најдете ги разликите!

;-}

Па јасно е дека древните египјани имале и култови кон змии, како и кон сонце (златото највеќе потсеќа на сонце) - и ние би имале кога би живееле во близина на пустини полни со змии и константно пржени од јако сонце. Формата на египетската фараонска круна се добива со обично врзување на голема марама на глава, страничните краеви паѓаат од двете страни на вратот и градите, додатокот со шари што ги прави да изгледаат како кралска кобра е подоцнежна иновација.

Метемпсихоза (Metempsychosis) или "Пренос на Души"

Да, значи пренос на души, и во никој случај не смее да се замени со перемпсихоза,шмукампсихоза, бришампрашинапсихоза и во никој никој краен случај со фрламѓубрепсихоза (наведените се симптоми на болеста мрза.) . Овој термин е поврзан со реинкарнација, а реинкарнацијата е поврзана со фантазиското источно идејно решение за привремено ослободување од страв од смртта(додека не дојде).
Ама има и друг аспект на верување во ова, во америка е доста популарен,меѓу другите го промовираат филмовите на Дејвид Линч (David Lynch): Твин Пикс сериите и филмот(“Twin Peaks”),Мунхоланд Драјв (Mulholland Drive) и др. А тој аспект е дека ако некој потсетува на некој друг тогаш тој(тој) е тој(другиов)/или таа е таа(другата)/или тој е таа хахаха.
Од такви причини има кај нас фрази од типот на “Седи бе Жан”, како и луѓе со надимаци(и интернет никови) на познати личности или ликови од филм или друг извор(“не дај боже да е од книга”). Но овој “аспект” на метемпсихозата може да се сведе на проста имитација, од друга страна пак Брус Ли (оригиналиниот Брусли да) во својата книга Џит Кун До вика вака:”Со имитирање се доаѓа до оригиналот” ама од трета страна па Брус Ли промовирал источна филозофија а метемпсихозата е источна филозофија. Има една песна од Ганс Ен Роузес (Guns N’ Roses) се вика Донт дем ме (Don’t Damn Me) од албумот Јуз јор илужн кецот(Use Your Illusion I)и следниов цитат е од таа песна: That deep inside we’re all somebody
An it don’t matter who you wanna be
But now I gotta smile
I hope you comprehend

:-}


Стрипови

На прво место од сите стрипови ми е Сендмен серијалот графички романи.
Кога бев мал брат ми мереше висина во Алан Фордови а тогаш плус го читав и Микиев Забавник (Микиев Алманах), Астерикс, Талични Том, Умпах Пах и Политикин Забавник, Стрипотека, Откриче Света итн. Многу ги сакав Алан Фордовите, исто и Дружина од Вјешала многу ми беа комични, дури и во четврто оделение ја носев косата нагоре и се офарбав плав(жолт) и носев црна ролка баш како Алан Форд се филмав, после многу ги сакав и ги сакам Принц Валијант од Харолд Фостер, стриповите на Маурович(ќ) посебно Тројица у Мраку, оние стриповите со Друна(Морбус Гравис 1 и 2, итн…) Па читав малце Стрипотека а омилени ми беа и ми се Конан, и сите Конановидни стрипови исто и Тор богот на громот плус Торгал стрипот(не е за Тор) беше легенда. А од Дилан Дог, Марти Мистерија и Натан Невер омилени ми беа Натан Невер. После се навлеков на Хеви Метал списанието(највеќе го памтам стрипот Хорд од ова списание во бројот од ноември 1994), па Сендмен, па налетав и на Вулверин стриповите, Вичблејд (мидивл) е одлично нацртан стрип, а на прво место со хумор и пренос на знаење го ставам Лари Гоник првенствено со Д Картун Хистори оф д Јуниврс(The Cartoon History of the Universe Larry Gonick) серијалот, побарајте било кој стрип од Лари Гоник поучни се и забавни.

Сендмен


Најдобриот графички роман било кога составен и со форма и со содржина. Омилена фраза од овие стрипови ми е Omnia mutantur nihil interit (превод: Се' се менува, но ништо не е вистински изгубено.)

Алан Форд и групата ТНТ

Легендарено комичен стрип.

"Дружина од Вјешала"
Одлична пародија на витештвото и магионичарството со многу комедија.

Натан Невер

Стрип за животот во иднината, киборзи, летечки коли, холограми, корпорации и носталгичен(за минатото) приземјен херој.

Дилан Дог

Одличен мрачен стрип за духови и надприродни појави што непостојат. :-}

Марти Мистерија

Оригинален стрип со многу историја во него.

Друна

Друна е главен лик во серијал на стрипови со испомешано дејство во мрачната иднина на човештвото сместено на огромен свемирски брод.


Хеви Метал

Списание кое промовира добри стрипови.

Хорд

Стрип на тема виртуелна реалност.


Вулверин

Најош(с)триот Икс Мен.

Вичблејд (мидивл) Лејди Дет

Елфови, Магии, Мачови, Витези и главниот лик е згодна девојка.



Конан
Немам коментар од што е добар. Само има еден обичен пропуст... Конан е депилиран! хахахахахаахаха ;-}


Тор

Инвентивен стрип за тоа "дека и боговите не се совршени".

Торгал
Викинзи, главниот лик е од друга планета, магии, технологија чудесии, хорори.

Принц Валијант
Убаво нацртан стрип за еден од витезите на Крал Артур.

Астерикс

Еден од поинтересните стрипови за деца.

Талични Том


Исто добар стрип за деца и баш дека е за деца видов најнов цртан филм со овој лик кај што немаше цигара во уста цело време.


Умпах Пах


На сликата се Умпах Пах и Дупли скалп (вистинско име: Халефизикакапеламиназиковски).
:-}


Мики Маус(Микиев Забавник(Алманах))


Забавен стрип кој е неодолив за деца.

Политикин Забавник


...од 7 до 77... :-}

Откриче Света

Добар серијал на историски стрипови со малку повеќе фантазија во нив.

Картуун Хистори оф ди Јуниврс


Ќе се скинете од смеење при читање.