Saturday, September 1, 2007

Листа на Компјутерски Игри

Повеќето мои ликови на компјутерски игри на интернет



Листа на игри што сум ги играл преку годиниве:


                                    Ди Си Универс- DC Universe - е бесплатна мморпг, што има преминато од игра за која се плаќа во бесплатна така што квалитетот на играта е на високо ниво.Ги има сите ликови од познатата фирма за стрипови DC COMICS. но не и тие од марвел.-така што ако ги очекувате X-man, Avengers, Вулверин, Тор, Хулк, Спајдермен, Captain America itn ги нема -од познатите ги има Бетмен, Супермен, Џокерот, Кетвуман, Вондервуман, Бејн (негативецот од најновиот филм за Бетмен) и ред други "знајни и незнајни" херои и антихерои.
                                  Играта има добра приказна (во однос на преоптеретеноста на идеи и материјали и приказни од стриповите):
                                   Овде заземате улога на човек што преку инсекти што ги украл Лекс Лутор (негативецот од Супермен стрипови/филмови/цртани)од Браниак (Braniac) Вештачка Интелегенција што ја напаѓа земјата кога битката помеѓу суперхероите и негативците завршува и го освојува светот. Лекс Лутор му ја краде технологијата и се враќа на земјата во минатото и во атмосферата пушта екзобити -мали  нано-инсектоиди што на обичните луѓе им даваат моќи акумулирани од суперхероите и супернегативците и ги предупредува суперхероите за можната страшна судбина што се обидува да ја смени. Екзобитите му ги даваат позитивните моќи на обичниот човек но не и слабостите од суперхеројот. Така што ако го одберете супермен како инспирација (бирате само инспирација не вистинскиот суперхерој) ги добивате неговите моќи  и не сте ранливи на криптонит како што е тој.
                        Правењето лик е забавно и можете да бирате помеѓу повеќе категории на моќи различни униформи, кациги, чизми, ракавици, емблем на градите, па за вештините имате боксување, боречки вештини, лак, пушки, два пиштола, два мача-дуал виелд (dual wield) и триста други, а за супермоќите имате улога на тенк, лекач или дамиџ дилер -оган, мраз, гаџети, волшебништво, ментални моќи -телекинези и триста чуда.  За движењето можете да бидете акробат како Бетмен со салта и скокови, брз како Флеш или летач како Супермен- летањето е најдобар избор затоа што најлесно е за маневрирање и стигнување секаде. Брзото трчање и акробациите ве лепат за ѕид што е малце незгодно. Мада трчањето и акробациите низ град потсеќаат на играта Прототип(Prototype) и даваат огромна слобода на движење и забавно е само да се истражува со нив низ играта.
             Една од најдобрите карактеристики е подесување на стилот, под стил менито можете сите предходни ајтеми, од кациги до облеки до оружја да ги употребувате за изглед како скинови над постоечката опрема, да си го средите изгледот на ликот од целата опрема што предходно сте ја стекнале. Ова нуди голем избор, и наместо плаќање за боење на опремата каде што во повеќето вакви игри црната боја е најскапа, овде боењето е бесплатно и се подесува со палета и се менува безброј пати -колку сакате и како сакате го подесувате својот стил -изглед во опсег на стекнатите ајтеми.

Играва е со доплаќање дури и за основни функции како мејл, екстра слотови за инвентар и торби, дополнителни моќи како фрлање громови и електрицитет. Итн итн. Но тоа и не нервира толку многу затоа што рестрикциите едвај и се осеќаат.

Максимум левел капот е мал, максимум е 30ти левел. Играњето против други играчи преставува вистинско исполнително задоволство уште од почетните левели. Дали сте во Метрополис или Готам Сити сегде среќавате непријатели што најчесто се ваш левел. Добро понекогаш има и 30ки ганкачи на одредено место ама не е проблем дека засилувањата доаѓаат брзо од ганкачи од твојата фракција. PVP-то е забавно, инстанците се исто така забавни и често и брзо има група за инстанци, дури и ако не се игра тенк или хилер. Исто така има и динамични евенти - нов вид на квестови што не се баш квестови, има да речеме одреден бос Bizaro што се појавува на одредено место и големи групи играчи го тепаат, немора да си придружени во група само е доволно да го удриш еднаш босот за да ти го рачуна кога ќе биде убиен. И тие евенти се насекаде, популацијата на играта е голема особено на страната на суперхероите, негативците ги има помалку. Во секој случај не се плашете да одберете PvP сервер наместо PvE затоа што има добро -па дури и подобро PvE на PvP сервер исто како на WOW.  Вреди да се проба, акцијата е многу динамична посебно битките против други играчи затоа што кликате за секој удар, има и комбоа и може да се игра преку плејстејшн, па ако имате joypad може да го употебите за играва.

Инаку најмоќен е Супермен, како и во филмовите и стриповите и во играва и највеќе играчи го играат.

Играва е лесна, игрива- брзо се крева левел и доста е забавна -надоградена со добра приказна и најголемата предност не е што е бесплатна туку што како и што треба да биде секое мморпг може да се игра на слаб компјутер. Па дури и на преслаб компјутер затоа што можете резулуцијата да ја намалите на старите вредности од 640x480 и PVP да ви тече најслеано на свет.
 Во секој случај вреди да се проба заради игривоста и степенот на забавност што ги пружа.



                              АИОН- (AION) е мморпг во стил на Ворлд оф Воркрафт, дури порано и кошташе колку ВОВ, ама сега е бесплатна, но бесплатна со неколку рестрикции. Во играта се плаќа месечна претплата што доаѓа во форма на Gold Pack за месец дена играње, среќната околност е што голдпакот може да се купи од аукциската куќа/брокерот со злато од играта наречено кинах, (kinah) цената се движи од 7,5 милиони до 10 милиони а понекогаш и 15 милиони злато кои обично се стекнуваат околу 40ти левел токму кога има потреба од тргање на рестрикциите.
                                       После 40ти левел златото се заработува полесно и може да се створи ситоација кога се има голд пакот константно за секој нареден месец. Брокерот или аукциската куќа исто така може да се користи за купување на првиот голд пак и тоа е единствен предмет што може да се купи од таму со "бесплатен акаунт" инаку цената на голдпакот е 10 евра. Да напоменам дека тешко можете да заработите вистински пари од играва, како и од било која друга освен можеби ВОВ преку продавање злато.Вистинските пари ги прават производителите на игрите никој друг. Така што може да се рече дека и АИОН е "плати за да играш" игра -затоа што плаќаш со изгубено време за правење злато (кинах). Инаку што се однесува до самиот гејмплеј, ударите навистина "се осеќаат" анимациите се добри и некои од нив се со акробации и салта што е голем фактор на задоволство.-нема крв-летаат светлини и горечки искри но сепак ударите се супер анимирани.
                 Што се однесува до кревањето левел, максимум левел во моментов е 55, мада за 5 дена од сега излегува експанзија за 60ти левел, со нови додатоци како возила и животни за јавање, купување куќа и олеснувања на самата игра, бидејќи во ваквиот тип на игри непишано правило е дека секоја експанзија ја прави самата игра полесна. Инаку што се однесува до самото квестање, квестовите се лесни и интересни за читање и тешкотијата е балансирано подесена. Само што испадна дека ова е многу тешка игра за кревање левел затоа што е правена по корејски стандарди и стварно премногу време одзема самото кревање левел и е тешко и макотрпно ако се игра многу активно, но за разлика од повеќето вакви игри ако се игра во модерација( а штом е бесплатна и тоа е плус, затоа што ја фаќаш и пушташ играта кога ќе ти дојде) играта навистина не преставува напор туку уживање. Малку е монотоно со квестовите што буквално се повторуваат по 10 пати -за репутации и ако се избегнат и се прават нормалните квестови и кампањските квестови полесно се дига левел. Инстанците се интересни и ги има повеќе дури и ајтемите што се земаат се поврзани со следни надограби-добро барем некои од нив- на пример во инстанцата за триести левел нагоре, Фајр Темпл (Fire Temple) се зема плав итем дворак мач Greatsword of the judge за 35ти левел, па на 37ми се отвара соло инстанца Kromedes Trial каде ако се заврши 10 пати квестот со ковачот може од постоечкиот плав итем да направи златен (епик ајтем) и мачот добива јаки статитиски, башка двораките оружја можат да се комбинираат по помал левел дворако оружје -пример вашиот предходен мач - за да се додадат статистики и слотови за камчиња.

                      Крафтањето во играта може да биде корисно и интересно бидејќи секој лик независно од класата може да ги има сите професии во играта без рестрикции но повеќето играчи зависат од дропови на опрема одошто да ги прават така што крафтањето доаѓа дека е бескорисно па се прави на максимум левел само колку да се има за да се помага на други играчи со опрема или да се направи нешто јако што ќе се замени со епик лут.
                 Едно нешто што не ми се допадна на почетокот беше како беа нацртани непријателите и монструмите, но на повисок левел изгледаат покул со исклучок на инстанцата Steel Rake каде се борите против Шуго (Shugo)пирати. Инаку вистинската игра почнува на максимум левел а дотогаш има време, го фалат PVP-то (player vs player) на максимум левел дека се лета во амбисот и се борат ангели и демони во големи групи, дури и има копче да не се гледаат багри луѓе за да не сецка играта.Инаку играта бара појак компјутер и што појака графичка карта тоа подобро. Игрива е интересна и убаво нацртана. Единствена игра со битка со ангели и демони каде колењето демони е играч против играч.
                                 Највеќе се бара тенк или лекач,/исцелител(кој се лечи себеси и другите и мава со громови како суперхеројот Тор од стриповите на Марвел и да користи чекан ), мада интересното за тенкот е што користи еднораки и двораки мачеви- дворак мач за пвп -инаку има пвп и додека се квеста што ја прави играта поинтересна со тепачки помеѓу елиос и асмодианс.  Имавме кратка дебата за Асмодианс дали се баш ѓаволи и колку и да се трудевме да ги одбраниме испадна дека се тоа-демонски копилиња хаха. Во костумизацијата на асмо може да се направи вистински демон, имаат црни испокинати кријла и живеат во градот Пандемониум,(инаку во книгата на Џон Милтон -Изгубениот рај , Пандемониум е тврдината на Луцифер во пеколот). Се' на се' вреди да се проба, најдобар квалитет е што е бесплатна и што не е напорно играњето туку е уживање. За даунлод и регистрација и повеќе информации ова е главниот сајт за европа (немојте да се приклучувате на американската верзија има огромен лаг):

http://www.aionfreetoplay.com/website/


Лорд оф д Рингс Онлајн. (Lotro) Ја испробав асално и стигнав до 41 левел на бесплатен акаунт(http://my.lotro.com/home/character/1861194/146929937845234111/) и играва не би ја препорачал никому. За нигде е... (100пати подобра е single player играта LOTR: Return of the King ). Еве и зошто:

Фирмата што ја прави играва краде и лаже. Играта не е бесплатна и има доста "чудни багови". Ме поканија да им бидам тестер на бета верзијата од играта и ја тестирав американската верзија и добив пристап таму. Инаку  имаат забрана за други земји да неможат да креираат американски акаунт и креацијата е врзана со проверка на регионални параметри на IP адреса. Требаше за работата како тестирач на играта да добијам 5000 турбин поени со кој би се отклучила цела достапна содржина кои што никогаш не ги добив. Неможеш да ја отклучиш ни основната содржина преку играње а камо ли целата, дисбалансот помеѓу плаќањето за играње и заработување поени за отклучување преку самата игра е толку очигледно направен со една цел: да те накурчи за да ја купиш играта. Иста цена како WOW. Тие "чудни багови" што ги спомнав се во две важни категории, ти снемува злато во играта без објаснение и ти исчезнуваат поените или не ти ги пресметува бројачот кога ќе ги заработиш. Во основа ова е типичен скем што се гледа од километар да се живне игра која ионака била тотална утка. И тие што сакаат да ја играат "заради тоа што има добра приказна" ќе се заебат гадно. Ликовите и приказната се ужасно преставени, ликовите се децки нацртани а самата содржина е дури и лошо прекрадена -ужас. И играта може да изгледа добро само ако се симне верзијата што дава опција за максимум графика, и музиката во играта е класични елфски завивања и не ја бива. Многу подобри се верзиите што не се за на интернет на истава тема и од други фирми.





Секонд Лајф (Second Life) е симулација на виртуелен свет со свои корисници чија валута за тргување линден може да се претвори во американски долари, многу луѓе заработуваат (некои и за живот) таму. Сепак според сите критериуми навидум има изглед на лоша мморпг игра од 1993та година-мада со мноооогу можности, практично е сурфање преку интерфејс на игра, чат програма со 3 де аватар и аудио разговори. Исто така може да биде и место за пропаганда.(Пример грците веќе закупиле простор и направиле место со име Macedonia, секој ден го посетувам да ги нукирам... хехехе) Во секонд лајф за пари правам оружја како ковач и ги продавам кај стигнам. Многу луѓе (машки) прават женски аватари и играат по клубови за пари- мене таа дигитална травестија ми е малце поише болна. -Никад не играм со женски лик. Исто затоа што се работи за свет кој самите жители го создаваат врие од глупости и лудости и ептен лоши извртени перверзии ама и ептен добри работи. Вреди да се проба -даунлоадирањето на симулаторот е околу 30 мега-ситница. :-}.

P.S. Штитот и копјето од Македонската Фаланга(од сликава) ги направив сам со видео графиката во Секонд Лајф, ако сакате примероци(и други ладни оружја и оклопи што ги имам направено) пратете IM на Eldritch Kessel во секонд лајф-тој сум.



Гилдворс(за оваа игра имам направено посебен блог овде.)


ЕЛИТ(Elite) (Немам коментар.Всушност само еден: Има на играва 3 де ѕвездена мапа на сите познати именувани небесни тела. Ја има за Комодоре 64 со среќа во потрагата- интернет (можеби)не помага )


Дум(Doom)(Легенда игра. И најновата верзија Дум 3 е со одлична ес еф приказна, толку е добра што е страшна, ти оживуваат мртовци и те напаѓаат, те напаѓаат полу мутанти полу киборзи, ходници со крв и ти се гаси светло кога најмалку очекуваш, и се тоа во обид да се тераформира Марс. Едно од мрачните сценаријата за идината.)



Текен(Tekken) (Најдобрата тепачка игра 1 на 1 на овие времиња- од Текен 3 наваму сите ликови се кул освен некои повремени покемон кретенчиња како диносаорусчето,кенгурчето и мечето во Текен 5 има еден лик Рејвен што кога не е во нинџовски костум личи на Блејд. Ликовите што највеќе ги имам играно се Хоаранг(Имево е направено од чин во Кореа што одговара на самурај во Јапан, Хоаранг или Хваранг без оружје практикува ножна техника односно ТаеКвонДо), Џин(Името му е од Јин, црното во Јин и Јанг знакот) и Рејвен -п.с. со капоерџиите(Еди Гордо и Кристи Монтеро) е нефер играње све ниско маваат) а да, мерак ми праи да играм со ликот Баек учителот на Хоаранг.


Девил меј крај(Devil May Cry) ( Уживанција, мечување, пукање, загатки и голема доза на јапонско-американско претерување)



Сплинтер Сел(Splinter Cell)(Модерна нинџолика акција)


Тиф(Thief) (Или Крадец, тренингот беше интересен, добра е ама досадна многу време одзема чекањето во сенка да се смени стража)


Брокен Сорд(Broken Sword) (сите делови) (Убедливо најдобриот серијал на Авантури што бараат истражување, перцепција и интелегенција кои демек ја ги имам во изобилство хахаххаха)



Тумб Рајдер(Tomb Raider)(само првата)


Диабло(Diablo)(најдобрата рпг игра со таа маана што во одреден дел од играта стануваш толку моќен што со еден удар убиваш се, додека продолженијата како Диабло 2 и експанзијата Лорд оф Дистракшн се поусовршени)



Vampire the Masquerade: Redemption ми е громои!(ако е постара) Ликовите се одлични почнуваш како крстоносец кој го рануваат варвари, додека закрепнуваш во Прага ти кажуваат дека во рудникот имало чудни суштества идеш да видиш што е работата… и оп Вампири.

Ја утепуваш главната вампирка во рудникот и почнуваат за тебе да се интересираат вампирскиве кланови. Бружа кланот те спасува и те повампирува во процесот, (иначе овој клан има карактеристики што се комбинација од физичка сила и љубов кон уметноста) негде на пола игра се префрла дејството од средновековно време во модерно.

Слична е на Диабло со статистики, поени и инвентар(со таа разлика што во модерно време на местото од мечот можеш да носиш револвер или шатган, или место оклоп кожна јакна или панцир, и се менува изгледот на ликот кога ќе му смениш облека освен ако е ист тип на оклоп), дијалозите се мајсторски направени и има повеќе алтернативни краеви што зависат од изборите при дијалог.

Има и понова игра Vampire: The Masquerade – Bloodlines и добра е ама не е толку забавна како старата ама можеш да употребуваш катана (овој дел го играв со бружа клан и бев на страната на анархсите), единствена повидна маана и е тоа што многу долго лоадира од ниво во ниво и од област во област.


НидФорСпид(Need for speed)(кој џаначки наслов хаха) -(и продолженијата со дрифт дисциплина)


СтарКрафт(Starcraft)(добра стратешка заразна игра за мрежно играње со ес еф карактер, ја преиграв цела а мрежно играв највеќе со Протос, во средно опсесивно ја играв мрежно ама малку се освестив кога на турнир изгубив од мало дете и тогаш сфатив како е кога возрасни шахисти губат од деца хахаха)


Воркрафт 3(Warcraft 3) (ми се допаѓаше а сега во рангот на стратегии ја гледам исто како да се споредат картите Меџик д Гедеринг со Покемон карти за играње и не ја играм, посебно не ДОТА(Дифенс оф Ди Ејнчнс) сценаријата) Што се однесува до Warcaft 3 омилени ликови ми се прво Артас(во многу други игри го копираат изгледот на ликов), па ДемонХантерот па БлејдМастерот. Иначе во споредба со Старкрафт кај што има 200 фуд лимит, Воркрафт изгледа ко тепачка на банди (колку може максимум војска да се напраи два сквода од 2 12ки.) Мада Воркрафт има поголем избор на магии и така пошарена е.



Врлд оф Воркрафт(WOW)(за оваа игра отворив посебен блог видете таму)


Невервинтер Најтс(Neverwinter Nights)(со продолженијата)(квази копија на Дијабло серијалот(со
Данџнс ен Драгонс систем на афтоматско фрлање коцки(што не се гледа директно) за секој потег) со тоа подобрување што има КАТАНА(што за жал графичките дизајнери и не ја нацртале баш најдобро)!!!)


Данџн Сиџ (Dungeon Siege)1 и 2 + експанзии(во основа Диабло со подобра графика, ја играв со Начурал Мејџ и си ја бранев дружината со громови и ги лечев со сина светлина, на истава игра фатив ранг Мастер(ем магии ем тепање ем огин и мраз и гром и повикување секакви крич’ри) без шифри, брао за мене!хахаха.)


Стар Ворс Најтс оф ди олд Репаблик (SWKOTOR)1 и 2 (Приказната од првиот дел е подобра (дури една од најдобрите приказни што сум ги видел на игра), а вториот дел е во основа ист како првиот иако е подоцна излезен.) Исто ги играв и Џедај Најт преку годиниве претежно со лајт сајд ама неможев да не пробам до крај со дарк сајд некое време леее каков грев еј! Хахахахха –(во основа овие игри со џедаи се за мали деца.)


Готик(Gothic) (во продолженија е) (Одлична игра има се’ –единствена игра што сум ја видел кај што можеш комотно да отидеш у бордел и да ти даде еротска анимација на сексуален чин, а да и финтата со професиите на Врлд оф Воркрафт се украдени од Готик)


Дајнести Вориорс(Dynasty Warriors)(Играва е мерак, ти си еден воин на бојно поле во древна Кина и кољаш ама нигде нема крв им се пљукнам у цензурата)


Лорд оф д Рингс:Д Ритурн оф д Кинг(The Lord of the Rings: The Return of the King )(Добро напраена кољачина, посебно се добри масовните битки)


Вулверинс Ривенџ( X2: Wolverine’s Revenge) (Најдобрата игра за Икс Мен(и од сите Икс Мен игри) до сега. подобра и од Икс Мен 3, токму поради стелт убиствата и комбинациите на напади)



Фриленсер(Freelancer) ( Вселенска симулација на летање дури потсетува на легендарната Елит ама приказната е американизирана иако атмосферата е убава, само смешно е што во вселена ти се слушаат ласерите и моторите и ракетите на туѓите бродови, и стигнав до левел 10 и летав со ранливи бродови ама брзи и со брз напад и ја баталив коа сфатив дека “далеку е сонцето”)


Принц оф Персија(Prince of Persia) (сите се добри од прва до сега, развитокот на оваа игра е уште еден доказ дека видео игрите се уметност што еволуира кон нови дигитални доживувања. )


Блејд оф Даркнес(Blade of Darkness) (Најкрвавата Кољачина!!! Којзнае колку саати сечев со мојот меч низ орки и мрачни витези и се борев со одвратни, изопачени креатури на силите на злото низ играва со голем мерак. Животот не е како игри на компјутер, ама во животот има игри на компјутер хаха!)