Saturday, September 1, 2007

Филмови

Сите филмови што ќе ги препорачам овде можат да се најдат сегде на дивиди издание. Читањето на овој пост можно е да ви расипе некој филм што не сте го гледале ама без страв… нема.
Еве ја листата на филмови што ми се допаднале и ми се допаѓаат:



Фајт Клаб - филм за машкото его во кој љубовната приказна е со среќен крај.
Изведбата на Бред Пит и Едвард Нортон за двете страни на протагонистот не ни може повеќе да биде на место. Воедно и филм со многу теми што не засегаат во модерниот живот. Мада е исполнет со еден куп американски срања мислам дека сум го гледал едно 389 милијарди пати на 118ти степен во периода и си го самопрогласив за “најдобар филм воопшто”. И не сум единствениот на многу од нас ни се допаѓа-ду нат фак вит ас. Хахахаха




Троја- Одличен филм, пак Бред Пит, штета што не било баш така во реалноста и не е филмот напраен стриктно според Хомер тотално, ама има полно поучни моменти, иако се смета дека во тоа време сите грци биле со црна коса и црн тен, во Илијада (книгата од Хомер) Атина го зграпчува Ахил за"русите коси" така што Ахил имал жолта коса. А главниот фраер во цел филм убедливо е Хектор што го глуми Ерик Бана кога ќе се земе дејството во предвид.












Конан, Терминатор 2, Тркач, 6ти ден, Тотал Рикол итн... - хард кор филмови во кои глуми Арнолд Шварценегер кој според мене е буквално најдобриот акционен херој хаха овие филмови се со херојска фантазија или научна фантастика со солиден хумор стварно ме орасположува Шварценегер со ликовите кои ги разви на платно сакав да бидам ко терминатор уште од мал.


Блејд 1, 2, Блејд Тринити - серијал на најдобрите ес еф акции што ги извел Весли Снајпс кој меѓу другото е и мајстор во повеќе системи од боречките вештини.(Исто добро ес еф остварување му е и Демолишн мен) Акцијата е ептен кољачка а најдобро е направено умирањето на вампирите кои се претвараат во пепел со ептен добар компјутерски ефект на согорување мада на места и се приметува дека делчиња од борбите се анимации ама нема врска филмчиња без многу замарање, вадење мечот и ловење на вампири а и приказните се одлични посебно заради тоа што се базирани на стрип и посебно заради тоа што Блејд е меѓу првите стрипски херои(имаше Блејд стрипови во изданијата Стрипотека таму Блејд е со афро фризура) што е црнец што е уште еден плус против минусот на расизмот.


Хајлендер - Филм со бесмртници и мечови продолженијата не чинат толку колку што е добар првиот дел сам за себе. Кристофер Ламберт ептен е добар во тој филм заедно со Шон Конери меѓутоа како глумец е троа бош ама мене ми беше идол како мал.














Матрикс 1, 2, 3 -Матрикс кецот ме уфилма максимално подоцна се смеев како сум се уфилмал на летање и неразгибаниот Нео, мада испадна најфилмачкиот лик еден период кога на интернет секој втор се крстуваше Нео хахаха Да смешно е од страна ама и јас бев таму за блокбастерите па знам како е. Според мене најдобри остварувања на Кијану Ривс се во двата дела од Бил и Тед, а исто ми се допаднаа и Адвокатот на Ѓаволот кај што Ал Пачино е ѕвер и Константин кај што Кијану е Антихерој што се бори за добро-и башка е базиран на стрипот Хелблезер.



Икс мен 1, 2, 3,- Филмовите се добри колку што може да се напраи сега филм за тој стрип, мада многу работи од стриповите се извртени во приказните од филмот пак се тука негде, пример ќе го спомнам ликот на Вулверин што не е согласен со малото љуто човече што стално пуши пура, пие пиво и лесно се нервира, бивш самурај вљубен во јапанка што го фаќа “лудачкото” кога ќе му прекипе и не трпи никаков притисок и авторитет што го има на стрипот е различно од “Елвис сликата” што ја интерпретираше Хју Џекмен ама пак беше добар иако во одбрана на Вулверин можам слободно да му речам “ју џаст донт кат ит, ду ја?... баб”, разбрав дека Глен Данзиг (Danzig) го барале да го глуми Вулверин(можеби заради агресивноста, бакембардите, телото и неговата љубов кон стрипови) што ќе беше трипати подобар да прифатеше ама претпоставувам дека одбил дека нејќе многу мејнстрим незнам.



Пич Блек, Хрониклс оф Ридик попознати како Ридик кецот и Ридик двојката ес еф акција најасалните филмови во кои глумел Вин Дизел, мада приказните се веќе видено недообјаснето сценарио ликот е гром, многу подобар од ликовите на кељав џибер со златен ланец што пие нафта во тоа глупите тркачки филмови Ту Фаст Ту Фјуриес и мафијашите и Трипл икс глупостите од типот “да ги убиеме лошите руси.” Исто неочекувано остварување има и во комедијата Фајнд Ми Гилти кај што не личи на себе ама се глеа дека напреднал.



Монти Пајтон, Лајф оф Брајан, Холи Грејл, Мининг оф Лајф(итн) и сериите им се тотално лудило и кинење од смеење, исмеваат што ќе стигнат - воглавно авторитети, немам зборови за нивниот хумор, толку е швркнат што неможеш да не се смееш.



Глуп и Поглуп, Пет Детектив 1 и 2 Џим Кери е мајстор за комедија, како и да е испадна дека го бива и за ес еф драма како што покажа во филмот Етрнл саншајн оф а спотлес мајнд каде првпат го видов во одлична глума на сериозен лик.


Ејт Мајл - браво за Еминем и покрај тоа што покажа дека е паметен и успешен иако е троа мороничен, покажа дека ептен го бива со филмот кој има солиден реален крај баш поради фактот што ликот не успева на крајот и покрај сите невољи туку продолжува со стара борба.



Стар Ворс 1,2,3,4,5,6 - Сага, ама каква? За мали деца. Аргументи: Чуи и Џар-Џар. Обожам да ги исмевам џедаите и форсот мада и понекогаш уживам во децкото возење на таа авантура. Има многу крадени идеи пример раѓањето на Анакин Скајвокер што е зачнат во девица од Форсот е украдено од новиот завет и мешијанската легенда, после теоријата за медиклорини –демек мали организни што живеат кај форс сензитивци е од самата реална биологија каде во клетките на човековото тело имаме мали митохондрии со уникатни свои генетски информации, Џорџ Лукас мора да ја добил идејата за лајтсејбер кога видел неонка а форсот е комбинација на телепатија, телекинеза, лечење со допир и други источни идеи ништо ново. Потоа ликот на Дарт Вердер е краден од Ликот на Доктор Дум од Фантастик Фор стриповите со таа разлика што е целиот во црно и шлемот му е нацистички а маската како гас маска.ЕЕЕее иф онли ју нју д пауовр оф д дарк сајд е е ееее…




Клокврк Оринџ од филмовите на Стенли Кјубрик Клокврк Оринџ е… па троа окејски филм и најдобар филм на Кјубрик после ес ефот Одисеја 2001ва(добри се сцените за еволуцијата на релацијата мајмун – човек, а не ми се допаѓа толку идејата со злобната вештачка интелегенција на Хал што пример ја имаат преставено други и во Матрикс и Терминатор филмовите според мене вештачката интелегенција би била помирољубива и би ни дала решенија а не би не уништила) и единствен негов филм кај што не тупи како во 2001ва и Доктор Стрејнџлов(кај што има два-три смешни моменти како зиг –хајлот по рефлекс и родеото на нуклеарка).



Гол Пиштол 1, 2, 3 или 33 и ½ - луди глупи пародии со Лесли Нилсен, лесни за гледање со хумор на секоја полу секунда и со хумор во позадина –поплава од неочекувани исмевачки моменти. Сепак суштината на хуморот воопшто е логиката дека смешно е неочекуваното. Пример праиш муабет за нешто и паѓа фраза ко буре од 25 литра. Или примерот со лизгање на кора од банана: се движи човек по улица и се лизга од кора на банана и паѓа па случајните минувачи се смеат затоа што тоа е неочекувано.



Хот Шотс 1 и 2 - после овие две пародии неможам да го замислам Чарли Шин во сериозен филм.


Скери Муви 1, 2, 3, 4 - и тука замеша прсти Чарли Шин, добри пародии на други филмови смешни се дури и ако не ги знаеш филмовите кои ги исмеваат.


Тенк Ју Фор Смокинг
- интелегентна комедија за еден од тешките проблеми што сите не гуши.


Инконсциентес - најдобрата психолошка комедија во која се обработени гледиштата на Зигмунд Фројд и резултатот од нивно следење и неследење.


КОСМОС - сериите со Карл Саган како наратор.



Барака - документарецот. Не документарец туку ДОКУМЕНТАРЕЦОТ.

Анимирани Филмови

Мононоке Химе

Еден од најубавите јапонски цртани што сум ги гледал, има прекрасна атмосвера, крвави битки и фантазиска филозофија.

Гоуст ин д Шел

Одличен стар јапонски цртан којшто им беше главен извор за крадење идеи на браќата Вачовски што ги направија Матрикс филмовите.



p.s.

http://www.imdb.com/

Интернет муви датабејс е сајт на кој има најдетални информации за филмови, глумци, глумици, режисери итн. Овој сајт има примени од типот: пропушташ филм на телевизија ама знаеш со кои глумци/ци е -го наоѓаш филмот(преку име на глумците/ците) на сајтов и може во краен случај да го даунлоадираш или купиш на дивиди.