Monday, September 3, 2007

Напишани дела







Музика (со кратки коментари)

Македонските Народни Песни

(Дафино вино црвено, Куќа имам на пелистер, Учи ме мајко карај ме, Зајди Зајди Јасно Сонце, Едно име имаме, Јовано Јованке, Коце Берберот и мн. др.)

Ајрон Мејден



( песни: албумот Севнт Сан оф А севнт Сан, и конкретно песните Афрејд Ту Шут Стрејнџерс-не ми се допаѓа текстот ама главната гитара е одлична мелодијата е како химна на металот, Д Апарејшн, Гоуст оф д Навигатор, Денс оф Дет, Флајт оф Икарус, Блад Брадрс, Ран ту д Хилс, Би квик ор би дед и нормално Александар д Грејт)


Ганс ен Роузес



(песни: Сивил Вор една од најдобрите песни на векот за бесмисленоста и револтот на војна воопшто, Донт Дем Ми –песна за почитување на туѓото мислење, Естрејнџд (од албумот Јуз Јор Илужн 2) одличен спот и песна делфини позитива во лудило, лажен рај со луѓе во бело, уметност! А да и многу ми праи мерак како го крши Аксел телефонот на спотот од Пејшнс во ритам на песната. Слеш го бива за гитарист, другиве од групава се во сенка. Негативности: стварно се глеа дека Аксел не е нормален на спотот од Донт крај коа се тресе како болен при епилептичен напад во гроб.)


Д Дорс



(песни:албумот Ан Американ Прер, и албумот Вејтинг Фор д Сан, песните: Ан-ноун солџр, Фајв ту ван, Ди Енд, Вен д мјузикс оувр) иако песните на Д Дорс се блуз помешан со трипачки древен транс на помалку или повеќе помодерни инструменти со харизматичен фронтмен кој е синоним за сите богати џанаци што се самоубиваат со дрога извадија некои навистина вредни и препознатливи мелодии и текстови чии изрази вадени од контекст (кој е конфузно направен под дејство на дрога) навистина ми помогнаа кога бев нерасположен, пример: “врдс дисембл врдс би квик, врдс ризембл вокинг стикс, ...врдс гат ме д вунд енд вил гет ми вел” или примерот со песната Лав стирт која на прв поглед изгледа како љубовна песна а всушност е направена да се опише и исмее американската влада итн


Нирвана



- застарен закон. Најдобра песна и спот: Харт Шејпт бокс.Потоа лошото: Препеана песна од индискиот поет Рабиндранат Тагоре песната Дојди каква што си, нивна верзија Кам ес ју ар со мрачна мелодија, трескање од земја, облакање фустани, кршење гитари, појачала гранџ панк фазон ај ќе напраиме бенд ќе го крстиме со индиската состојба на просветленост и ќе полудуваме на сцена да ги исмееме тие филозофии, и не за џабе Курт Кобејн се самоуби брзо по анплагдот на ем ти ви се самоуби од желбата за слава демек неможел да го поднесе животот како и да е и да е обратно факт е дека славата го уби. И што остана од некогашната нирвана и препознатливата мелодија на Смелз лајк тин спирит безвезна младина со самоубиствени тенденции и хаотичен стил без идентитет што се клањаат на постери од некој жолтоклунец од Сиетл. Филмот со постерите од Боб Марли и Џим Морисон, демек духовни водачи а истите можеш да ги видиш на постер заедно и под нив да пишува “дрогата ги уби”.

Харт Шејпт Бокс спотот

Џими Хендрикс



песна па се знае Хеј Џо песната што го исмева убивањето како нејасна работа за разумен и нормален човек”хеј Џо вер ју гоинг вит дет ган ин јор хенд?” исто ми се допаѓа и Крос Таун Трефик -“со хард ту гет тру ту ју”. Негативни влијанија, па и Џими Хендрикс има таков икона постер што уште добро се продава, да не збориме за маички, беџови и незнам стегаџи за глаа.


БадиКаунт



(сите албуми) според мене најдобрата "хард кор метал" група до сега, што засега повеќе прашања за животот во америка и што се бори против расизмот, мејн стримот, и против насилството воопшто иако звучи дека го промовираат зошто е див изразот во музиката.


Данзиг



–Глен Данзиг или попознат во америка како ивл елвис затоа што прави одличен метал со својата група веќе 20тина години има добри спотови а најдобар спот му е за песната Кент спик-опфаќа глобализација и заробеност и задушеност од секакви влијанија, исто добри песни му се Твист оф Кејн, Хр Блек вингс, Килер Вулф, Блад ен Тирс, Бадес, Ајм д ван, Ши Рајдс, Мадр –легендарна песна за тоа како родителите влијаат на цензурата кога ги отргаат децата од музиката мада се малку смешни мрачните моменти со крв, превртени крстови и тоа што потсеќа на уфилман конан ама алал му вера мене ми е ОК да немаше само толку негатива може и немаше да излезе доброто од него.


Били Ајдол



(албумот Сајберпанк) Овој албум е поврзан и со творештвото на Вилијам Гибсон а најубава песна е Адам ин Чејнс –медитативно хипнотичка трака во која е вметнат звук на зуење на бургија како некој да ти ја буши главата да ти инсталира чипови хаха -ја препорачувам баш за приспивна песна или песна за медитирање во лежечка положба, сериозно- опушта.


Металика



(песни: Ван, Ентер Сендмен, Мастр оф папетс) Металика се познати по своите преработки така што веќе не ни знам што направиле тие самите, Ван песната е баш за подигање на свеста дека војната е лоша работа и дека демократијата е лажна мада пак во прашање е револтот против војната воопшто овде има фокус и некој комплекс од типот “ооо кутрите американски осакатени ветерани од војната во виетнам” ама не навлегувам понатаму. Мастр оф Папетс си кажува самата за себе мада повеќе ми се допаѓа преработката од Апокалиптика на истата песна. Обрнете внимание на интерпретацијата на гнев на Џејмс Хетфилд во спотот за песната Антил ит слипс –тоа не е глумење. Човекот беше на лечење за таквата состојба. Не дека Металот е опасен или такви некои бабини деветини од типот”ќе ти стават дрога во сокчето пази се” туку се случува да се забега како Џејмс.


Д Ред Хот Чили Пепрс

-најистакнатиот ескапистички бенд досега (песни :Ај куд хев лајд, Д рајтчс ен д викед, Сејвр, Иф ју хев ту еск, Блад Шугар Секс Меџик, Фолинг инту грејс, Трансендинг, Келифорникејшн, Скар тишу, Тру мен донт кил Кајотс, Донт Форгет ми, Халоу би дај гејм, Сир Сајко Секси) Иако ред хот чили пеперс се така малце фрикачки настрани не верував дека се педери се додека не видов како се лапаат на спотот од песната Ван Хот Минет сепак иако пеачот Ентони Кидис пее нежно и басистот Фли им е одлепен Џон гитаристот им е одличен башка со него ја извадија џаначката химна каде Ентони се кае што се фиксал под мост у маало -песната Андр д Бриџ, за мене најубава песна од нив е Ај куд хев лајд –песна што поттикнува луѓето да бидат искрени воопшто а посебно во љубовта,

Главниот лик во песната објаснува дека затоа што неможел да лаже ја изгубил девојката, Д рајтџес ен д викед е многу општествена тема што има макијавелијански призвук за тоа како доаѓа до збунка кога се мразат и војуваат луѓето за било што преставувајки се за правдоносци –неразрешена равека досега прашањето е “кој е моралниот меѓу двајца моралисти?”, Сејвр –песна за Исус и за преголемото значење што му се оддава со нагласена нота дека се будали тие што слепо веруваат во спасител на светот, Фолинг инту грејс –една од најпозитивните љубовни песни што сум ги чул, Трансендинг –трип песна проследена со фантазија за реинкарнации и поука како се лажно треба да се отфрли и да се види “ловинг стрим”.


Иф ју хев ту еск им е некој полу рап полу фанк хибрид ама убаво звучи. Е сеа Блад Шугр Секс Меџик фала му на бога е песна кај што Ентони вади баш звучен длабок машки глас (освен околу рефренот) и пее за убавината и болката на задоволството. Келифорникејшн, Скар Тишу песни за глупостите што доаѓаат од калифорниски начин на живеење почнувајќи од пиење кока кола, јадење во мегдоналдс па се до екстремите на липосукција и пластична хирургија и сите други конзумерски елементи што ги уништуваат луѓето вака или онака.


Тру мен донт кил кајотс, песна со трип за дивото индијанското и револтот од гореспоменатото во оваа песна има фрази отпеана со ржење која оди вака: “Ајл рајд а сејбр тут хорс(хорс=хероин!) тру д холивуд хилс... ајл рајд д пејсли дрегн тру д халивуд хилс, џас донт тел ми енитинг коз детс д веј ај фил,”-што првпат кога ја ислушав немав поим дека е за дрога мислев дека е само за револт против холивуд после се разочарав кога ја сфатив вистината. Затоа што тврдам дека дрогирањето е најглупавото самоубиство што го прават некои луѓе и жал ми е кога некој што го знам или незнам го прави ама јеби га тоа ти е... целиот парадокс е дека со образование ќе се дигне свеста за некористење дроги –до сега тоа е некако штуро бидејќи демек другово е кул-кретенизам.

Донт форгет ми, песна што со одлична усогласеност на мрачна акустична гитара и пеење мада пораката е троа патетична и повик за помош но сепак можам да сочуствувам со таква состојба на умот. Халоу би дај гејм е филозофска песна и насловот е пародија на изразот Халоу би дај нејм (Ајрон Мејден имаат одлична мрачна песна за смртта со овој наслов) што во превод би бил “Да се свети името твое” како дел од молитвата ”Оче наш”.

Што да праам не сум јас крив што добра музика направиле луѓе што растеле во зезната средина која ги изопачила со дрога, хомосексуалност и незнам што се не... ама тоа ти се Ред Хот мада и се троа поише мејнстрим вадат и нешто добро од себе. Покрај се, гледаме дека големо внимание им обрнав на ред хот и тоа не е случајно бидејќи можат вистински штетно да влијаат на човек како на пример кога ја слушнав неколку пати Стрип мај мајнд од дискот Јупитер од албумот Стадиум Аркадиум ми дојде таква насочена депресија и тага што ми се згади и се потсетив како тажно ме изхипнотизира синглот Соул ту сквиз пред неколку години.


Некоја музика, најчесто менстримот е правен да ти предизвика точно определени чуства и да реагираш со купување на производите пак и пак зошто тагата колку и да ја храниш мракот голта со својот понор повеќе и повеќе- е тоа е една од главните причини зошто мејстримот покрај промовирањето на лажни вредности води во пропаст. Ред Хот се чист пример за мејнстрим што личи на некоја друга алтернатива не за џабе добрата музика тешко се наоѓа. Мене ме прелажаа од мал и сега им се смеам а не им плачам на нивните мејнстрим жалопојки од типот на Рејн сонг од Лед Зепелин(Да им се пљукнам во тоа шунт тупачката епопеја Стервеј ту хевен –ќе стигнеш у хевн додека да ја ислушаш до крај) и Блек од Прл Џем.

Прл Џем

- Алајв-браво за песнава, позитива и филозофија”преживувам и сеуште го сакам животот” од албумот Тен и браво за спотот и песната Ду Д Еволушн посебно за моментот кога кометата(која носи со себе живи организми) е преставена како сперматозоид а планетата земја како јајце клетка и на крај од спотот по катаклизмична апокалипса се чека пак почетокот на спотот, “живот и по нас” нова комета, другото кажано е кај “ред хот рефератот”.


Дип Парпл



–песни : Смоук он д Вотр за жал им е најпозната и за жал е направена после пожар на некој хотел на островче и џанациве виделе смоук он д вотр и го напраија најслушаниот риф на сите времиња абе ај не заебавај... песна што вреди од нив Холд Он –ремек дело, Леј даун стеј даун песна со порака “немој многу да се цепаш” трип песна Стормбрингер (една од многуте нивни) и мејнстрим жалопојка Мистритед. Башка Блекмур е џигераш хахахаха.


СаундГарден



(песна и спот: Блек хол сан) Песна со ненормален спот за тоа што ред хот го нарекоа Калифорникејшн.


Фалконер



(песните: Д Паст стил ливз он, Петишс дотар и венге- преработена народна песна негде од северот на европа)

Лорена МекКенит



(Песна: Ди Олд Вејс –одлична виолина одлично пеење на песна со Ирски корени.)


Ву танг



(песнaтa: Абов д Клаудс-песна за воините на доброто нормално со дозата на рапеско его курчење и одличен текст)


Волфганг Амадеус Моцарт



(композицијата: Турски марш, оваа песна во контекст со зборовите “500 години” неможе да не ви роди чуства ако сте од Македонија, мене ме потсетува на присилното создавање на јаничари-Македонци.)


Боб Марли (ен д Велрс)



– легенда на регето, Регето е најтипична форма на хипнотички мајнд контрол кој промовира безгрижност за животот, живеење во сиромаштија (воедно и богатење од самиот стил) и промовирање на заштитниот негов знак марихуана (која што се смета за портал дрога кон тешки дроги како хероин) и резултатот од тоа се блек- вона би- фејкер- белци како пеачот на плагијаторите Рејџ Агенст Д Машин(чист пример песната Вејк Ап(од саунтракот на Матрикс кецот) на Рејџ е плагијат со сменет текст на песната Кашмир од Лед Зепелин) – Макс Кавалера кои што носат суканици-надоградби што ги донирал негој усмрден џанак за да се издрогира.(и за жал многу млади го следат стилот на Растафаријанците(величејки го Хајле Селасие и покажувајќи пис знакче со два прста што всушност е знакот што го промовираше Винстон Черчил за време на хаосот од втората светска војна и знакот за пис е знак за В латиница од зборот Виктори, ама овојпат виктори за Хајле Селасие и Растафаријанците и виктори за легализација на дроги и нов хаос) мислејќи дека се Боб Марли риинкарнејтед и дека промовираат нерасизам а всушност само застраниле во дрога. Звучни песни се Рут Рокс Реге, Сан ис Шајнен, Ис дис лов, Бафало Солџр(песна за поробување на црнците од американците), Но вуман но крај ама изглеа немаат крај неговите имитирачи хахаха


Битлс



- Во превод “Болви” e најпознатиот и првиот бој бенд тралала со смешни одела и првата машка шлемче фризура што ја викаат долга коса во свое време, да точно е дека имаат добри песни ама за кого? Некои луѓе си ги преставуваат за пионери на рокенролот и така е, исто колку што е Елвис Кралот. Ама за жал сега нивни наследници се бендови од типот на Бекстрит Бојс и незнам кој таму Тејк Дет. Битлси направија и одлични песни како Гет Бек, Норвиџн Вуд, Ол д лонгли пипл па после почнаа да забегуваат со филмови од типот на Стробери филс форевр(џаначки глупости) и за жал тек коа се распаднаа Џон Ленон успеа сам да напраи една асална песна чиј наслов е Имеџн. Рокенролот ни донесе нова алтернатива на живеење преку музика од која се развија повеќе андерграунд(правец што рапидно отвара нови начини и во исто време може да биде и лажен и може да те научи многу исто така и да ти одземе многу и буквално да те отера 4 метри под земја) правци кои промовираат слобода на изразување, борба против репресија и се што е вештачко. Рокенролот отвори и многу табу теми до крај, НО што е резултатот од тоа сега кога повеќето луѓе се повторно без слобода онаква или незнам се‘ не каква, пак истите теми се табу и борбата продолжува ама кај води? Кон самоуништување?(-преку дрога, секс и алкохол наместо творештво без нив?) p.s. На Џон Ленон му беше лесно да пее "имеџн но позешнс, ај вондер иф ју кен" кога имаше милиони.


Годсмак



(песните : Ај стенд алоун, Стрејт аут оф лајн –овие две песни првпат ги сретнав на играта Принц оф Персија:Вориор Витин одлични песни за полнење енергија и “зимање сила”)


Ролинс Бенд (или) Хенри Ролинс

(песната: Лајр –една парадоксална песна за со хумористичен и забавен спот што ја истакнува моќта на лажењето и објаснува зошто не чини, а урнебесни се и говорите што ги има држено Хенри на своите настапи со приказни иако исполнети со хумор имаат одлични поуки-мада омилена песна од него ми е оваа)



Најдобра критика на рок ѕвезда комплексот што ја имам видено е оваа монтажа. Музиката е убава работа-но не ако мотивацијата е слава и пари додека се создава.

Тоа се влијанијата. И како за крај на ова прашање -следат песни што ги имам правено (сам и со други другари што свират)

http://www.youtube.com/watch?v=ToqbIlr-f20


http://www.youtube.com/watch?v=FGAzk5Phu24


http://www.youtube.com/watch?v=_Ee_bosiqiU


http://www.youtube.com/watch?v=eGbCdxpmReA


http://www.youtube.com/watch?v=u9xPTMHl3a4


http://www.youtube.com/watch?v=wP0qZHP58Pc


Sunday, September 2, 2007

За Јутуб

http://www.youtube.com

Ју туб е доста добро "место" за да се најде видео материјал за било што што ве интересира. На пример стари спотови, цртани филмови од детството, смешни монтажи па дури и цели филмови што одамна сте ги барале. Има толку многу клипови што може да се најде што било од било која област.(освен цензурираните области)

(напомена: Гледањето клипови на јутуб може многу брзо да ви го потроши месечниот лимит за интернет. Така што ако не можете да го достигнете лимитот а сакате занесете се со гледање на јутуб.)

Упатство за даунлоадирање клипови од ју туб :

Се копира URL-то на клипот, и се пастира на оваа страна http://vixy.net/
тука се чека да се конвертира фајлот и на крај се снима на компјутер, на овој начин може да се симне било кој клип од Ју Туб.

Или одите на http://keepvid.com/ ја пастирате адресата(најгоре) на клипот (не URL-то) и даунлоадирате. (Единствен проблем со оваа страна е што ги симнува клиповите во "*.flv" формат и можете да ги конвертирате пример во "*.avi" со Total Video Converter кој се симнува овде .

За Википедија

http://www.wikipedia.org/

Википедија е одлична онлајн енциклопедија направена од самите интернет сурфачи, меѓутоа понекогаш дадените информации се дезинформации, на неа секојдневно волонтерски работат "википедијаши"(луѓе заразени со апдејтирање, надополнување и линкување на википедија со крајна цел да се знае дека тие ги постирале први дадените информации) и доста се ажурни, се попрецизни и сепоопфатни.

Saturday, September 1, 2007