Кентаури

Кентаурите во грчката митологија ја добиле мутантската пола човек пола коњ репутација затоа што кога јавале се држеле за гривата од коњот и тоа во магла и од далеку личело на едно суштество.Или пак едноставно биле едни од првите јавачи кои биле погрешно исперцепирани.
Змејови


Змејовите и ламјите
што Гилгамеш ги победува во Епот за Гилгамеш
не биле диносауросолики пламенофрлачи туку едноставно биле непријателски племиња.

Од друга страна пак сосема е можно древните народи да откриле(пример при копање темели) скелети од диносауруси и од таму да излегле легендите за постоење на змејови.
Киклопи

Аватари
Објаснување на зборот Аватар(или Аватара):

-буквално значи "потекнува, од, потомок, слегува, се симнува(од небо)". Овој збор потекнува од индиска митологија и преставува “инкарнација на божество во човечко тело” примери од религии: Кришна е аватар на Вишну, Исус е Аватар на Таткото. Објаснувањето на мотивот на овој термин е сместено во потсвеста на народниот автор некаде помеѓу его трипот и контрола на население. А реалниот ефект се сликичките во профилите што се ставаат на форуми.Исто се сретнува и во компјутерски игри каде во играта буквално можеш да бидеш бог во човечка форма(во играта). (пример во Воркрафт 3 Маунтен Кинг херојот има шеста магија аватар и се трансформира во џин, или Дервишите во Гилдворс можат да заземат форми на аватарите на 5те божества во играта, итн.)...интересната демистификација е кај тоа што луѓето кои пропагирале постоење на аватари(и сл.) во Индија ги палеле телата на мртвите во “пагански” ритуали и ја раштркувале пепелта над ветерот и водата, а вистинската причина за палење на телата била да не се шират заразни болести и епидемии што би се ширеле ако би ги закопувале. :-}
Кришна и Арџуна
Демистификација на митот за Кришна и Арџуна:

Во индиската митологија Кришна е аватар на Вишну. Во Бхагават Гита се зборува за тоа како најдобар пријател на Кришна бил човекот Арџуна(лик со кој би требало да се идентификува читателот уфилман дека учи "од бога лично") кој му бил и ученик. Се зборува дека во битката кај Курукаштара Кришна го натерал Арџуна да одбере дали ќе се бори на страната на своите роднини, пријатели и сите луѓе што ги сакал или ќе се бори на страната на "севишниот" Кришна во неговата кочија -Арџуна го одбира Кришна и праи покољ на све мило ем драго. Поуката на приказната:"Сакај го Господарот свој повеќе од семејството и од сите други сакани."-којзнае колку господари во древна Индија се сителе на глупаци што потпаѓале под пропагандата на книги од типот на Бхагавад Гита наменети за контрола.
Магепсувачи на Змии


Магепсувачите на змии на прв поглед изгледа дека со својата музика ја шармираат и хипнотизираат змијата на која што и свират, и преку музиката ја котролираат меѓутоа... реалноста е дека змиите ги дрогираат со билки што ги прават летаргични и збунети плус им ги вадат забите или само жлездите за отров а најстар метод е да им ја зашијат муцката на змијата и да остават простор да излегува јазичето и најчесто користат видови на индиска или египетска кобра зошто кобрата е змија што убива со касање а не со гушење преку завиткување околу врат на жртва("тренираните"(дрогираните) змии не живеат долго и Магепсувачите на Змии често ги менуваат како "потрошив материјал во бизнисот".
(P.S. ) Орфеј

Е сега на основа на овој пример со Магепсувачите на Змии можеме само да препоставуваме како се развил митот за старогрчкиот Орфеј кој со својата лира "тоолку убаво свирел што магепсувал и смирувал диви ѕверови".
Виснатите уши на Буда

Во будизмот се промовира верување дека ако долниот дел на увото е слепен со образот и брадата дека тој човек е нов и е роден за прв пат, е сега со секоја наредна реинкарнација долниот дел од ушите е се поголем и повиснат. Буда има највиснати уши демек поради тоа што се реинкарнирал безброј пати, а реалноста е дека виснатите уши на буда се резултат на носење на скапи и тешки(веројатно златни дека златото е тежок метал) меѓуши (добро ај обетки) а не на "неговите безбројни реинкарнации".
"БатРфлај Ефект"



Слика 2
Најдете ги разликите!
;-}
Па јасно е дека древните египјани имале и култови кон змии, како и кон сонце (златото највеќе потсеќа на сонце) - и ние би имале кога би живееле во близина на пустини полни со змии и константно пржени од јако сонце. Формата на египетската фараонска круна се добива со обично врзување на голема марама на глава, страничните краеви паѓаат од двете страни на вратот и градите, додатокот со шари што ги прави да изгледаат како кралска кобра е подоцнежна иновација.
Метемпсихоза (Metempsychosis) или "Пренос на Души"
Ама има и друг аспект на верување во ова, во америка е доста популарен,меѓу другите го промовираат филмовите на Дејвид Линч (David Lynch): Твин Пикс сериите и филмот(“Twin Peaks”),Мунхоланд Драјв (Mulholland Drive) и др. А тој аспект е дека ако некој потсетува на некој друг тогаш тој(тој) е тој(другиов)/или таа е таа(другата)/или тој е таа хахаха.
Од такви причини има кај нас фрази од типот на “Седи бе Жан”, како и луѓе со надимаци(и интернет никови) на познати личности или ликови од филм или друг извор(“не дај боже да е од книга”). Но овој “аспект” на метемпсихозата може да се сведе на проста имитација, од друга страна пак Брус Ли (оригиналиниот Брусли да) во својата книга Џит Кун До вика вака:”Со имитирање се доаѓа до оригиналот” ама од трета страна па Брус Ли промовирал источна филозофија а метемпсихозата е источна филозофија. Има една песна од Ганс Ен Роузес (Guns N’ Roses) се вика Донт дем ме (Don’t Damn Me) од албумот Јуз јор илужн кецот(Use Your Illusion I)и следниов цитат е од таа песна: That deep inside we’re all somebody
An it don’t matter who you wanna be
But now I gotta smile
I hope you comprehend
:-}