Saturday, September 1, 2007

Книги што ги препорачувам за читање


Еве некоја си листа и кратки коментари на книги кои ми останале во сеќавање:



Космос(од Карл Саган) ме научи се што знам за Астрономијата.


Господарот на Светлината (од Роџер Зелазни) ми отвори гледишта за источните религии преку призма на научната фантастика.


Силмарилион (од Џон Роналд Руел Толкин) ме внесе во светот каде самовилите се добри.


Александар Македонски (од Плутарх) Ме збогати со моето културно наследство.














Нинџа(серијал на популарна шунт литература во форма на кратки романи од Дерек Финеган) ми ја нахранија љубовта кон животот на улицата и естетиката на боречките вештини.


Мартин Идн (Џек Лондон-вистинското име му е Џон Грифит) ми беше прирачник за почнување и неоткажување од пишувањето.


Моето гледиште на светот(Алберт Ајнштајн) ме научи морални лекции за тоа како би се подобрил светот.



Книга за Петте прстени –( од Мијамото Мусаши) книга што ме научи многу за вештината на мечувањето, книга напишана од самурај што дури на крајот од кариерата совладувал противници со дрвен меч и имал впечатлив кодекс на правила за живеење. Пред се кај вештите мечувалци во средновековен Јапан било поттикнувано пишувањето како знак на образованост, просветленост, стрпливост и промисленост во постапките.



Вештина на Војувањето(од Сун Ѕу) книга за стратегијата и психологија на војувањето, според мене психолошките техники за совладување можат да се употребат и во секојдневниот живот за разрешување на конфликти без насилство.


Витезот на Судбината (од Мајкл Муркок) ме извозе низ замислен средновековен свет на меч и магија.


Книга на Новото Сонце (серијал од пет книги од Џин Вулф) ми ја оформи смислата за антихерој.


Господар на Островите (од Дејвид Дрејк) ми даде смисла за древната атмосфера на живеење низ фантазиска призма.



Така говореше Заратрустра (од Фридрих Ниче) ме инспирираше да се борам против штетните влијанија во самото дело.

(нема слика)

Македонските Космогонски Легенди (од Ермис Лафазановски) ме зближи до народното духовно богаство на мојот народ и ми помогна да ја подржам идејата дека безобразноста во изразувањето е природна и искрена и народска работа(и покрај полу свеста дека зборовите можат да повредат)



Гозба или за Љубовта (Платон) ме запозна со Сократ и неговата уникатност и ме потсети дека ексентричноста е важна за изразот на уникатноста на личноста.



Ртси ( трилогија од Урсула Кребер Ле Гвин) ме научи повеќе за тоа што значи
“да се биде Волшебник” ако ме сфаќате.


Стренџер ин а Стрејнџ ленд (од Роберт А. Хинлин) ми ја инспирираше хуманоста и низ мешијашки концепт а воедно и ме запозна со употребата и злоупотребата на телепатијата и телекинезата –кои и не постојат на филмско-џедајско ниво колку на психолошко лингвистичко усогласено комуницирање бла бла бла



Човекот со празни дланки (од Урсула Кребер Ле Гвин) ми даде тотално остварлив концепт за утопистичко општество чии елементи можат да се употребат во реалниот живот.





Дисксвет(серијал книги од Тери Прачет) ме развесели со незлобен саркастичен црн хумор од кој страдаат само измислените ликови.



Демони и Галаксии (од Влада Урошевиќ) ме научи на разликата помеѓу фантастиката и научната фантастика и воедно ме запозна концепциски со делата на повеќе автори.



Роканоновиот свет (од Урсула Кребер Ле Гвин) пак нешто во стилот на: магијата е измама со помош на наука.


Дворскиот поет во апарат за летање (од Влада Урошевиќ) ми ги спои древното и модерното во логички концепт.


Капија (од Фредерик Пол) ми отвори можни иднини и надеж за уште подолг и поубав живот со многу можности.



Неуромансер, Монализа Овр рајд, Каунт Зиро(од Вилијам Гибсон тематски поврзани книги за киберпросторот и сајберпанк културата-чипови во мозок, конзоли, вулверински канџи, компјутери, хакери, рајдери, е-каубојци и стрит самураи во улога на телохранители на хакери)



Епот за Гилгамеш ( од Сумерскиот народен автор) ме научи зошто е бесмислено да се трага по бесмртноста.


Номадскиот Дух од Кенет Вајт - единствена маана на книгава е што е испопренапукана со паметнозвучни интернационализми инаку е добра. :-}

Мал речник на традиционални симболи- вистинска мала ризница на знаење, како слатко колаче е книгичево, поточно како топка сладолед со "од све по малце ". :-}






Има толку малку книги во превод од Аристотел(како на пример "За Поетиката" која што нема реиздание а е практично прирачник за пишување дела), ако сакаме да се угледаме на Александар Македонски мора да учиме од неговиот учител(Аристотел).



Скар Тишу или "Живи Рани" е насловот на автобиографијата на Ентони Кидис пеачот на групата Ред Хот Чили Пепрс, иако се глеа друго авторско име со мали сиви букви (што кажува дека "Тони" или бил у овер или го мрзело да пишува па само му диктирал на некој писател по нарачка за да ја направи книгата-а овој ептен професионално ја срочил.) Одлична книга што е жив пример зошто не треба човек да се дрогира.

Сирано Де Бержерак

Оваа книга беше инспирација за еден филм каде глуми Жерар Депардје во (според мене) неговата животна улога (освен Обеликс :-} ) филм што беше инспирација за многу "дуели во рима" со другарми Даркџој, дуели кои споредени со целата рап култура се епски дела во усното, пишаното, децко-адолесцентно-возрасно творештво. Арно ама преводов на книгава е урнебес, многу е смешна а истовремено и добра(заради мускетарскиот-витешкиот непокорлив и чесен дух)

Колекцијата од Култура за Филозофи е добра иам прочитано 10тина од книгиве има книги што стварно вредат и книги што се ненормален давеж и тупење со интернационализми и "нали-овај говор".