Saturday, September 1, 2007

Боречки Вештини


Краток текст со мои совети за вежбање боречки вештини:


Неколку години вежбав боречки вештини, официјално имам положено неколку ученички степени во вештината ТаеКвонДо (9ти куп, 8ми куп, 7ми куп и 6ти куп), а имам вежбано и Тај Чи Чуан(што е претежно медитација во движење иако во превод значи Супериорна Ултимативна Тупаница), малку Џиу Џитсу(рачна самоодбрана измислена од жена), имам посетувано Аикидо(патот на хармонијата, вештина што се базира на филозофијата да се совлада противникот со неговата сила и при тоа да не биде повреден(како не бе важи)) тренинзи и знам неколку основни техники на Џит Кун До(вештината што ја има создадено Брус Ли) .


Тае(Скок и удар со нога) Квон (Тупаница) До(пат, начин) е корејска боречка вештина каде преовладуваат удари со нога. Тоа е синтетизирана вештина од стари боречки техники и е официјално создадена по втората светска војна во Кореа. Ако гледате ТаеКвонДо борби (или сте гледале) ќе ви изгледаат многу смешно и глупаво како два петли што се клоцаат но тоа е затоа што поретко се употребуваат ударите во глава бидејќи можат да бидат фатални. Ако сакате да развиете добра ножна техника можам да ви дадам неколку совети:


-Кога удирате со нога не го кривете телото(исправени рамења), стојте исправено и на цело стапало.
-Ударот што го изведувате треба да почне со кревање и виткање на коленото(секогаш, на тој начин неможе противникот да процени дали ќе биде директен, страничен, бочен итн).
-Вдишувајте без звук и длабоко пред удар и со контракција на стомакот и дијафрагмата употребете извик при ударот(извикот е неартикулиран и се вика Кијаи) -Кијаито може да има и моментален парализирачки ефект или едноставно да го извади од памет противникот и да го уплаши(Кијаито се употребува да се исфрли целата ки енергија од точката три прста под папукот што јапонците ја викаат Хара а кинезите Тантиен тоа е точка во која има најмногу енергија што ја употребува телото-енергетски центар или извор) .
-Секогаш внесувајте го колкот(многу важно за моќен удар) во ударите и ако правите удари од вртење ротирајте и со рамењата. Можете да употребувате и лажни удари, пример замавнувате со левата нога долу, противникот го спушта гардот и со десната упатувате удар во глава.Со напомена дека ударите по залажување ако се прават со иста нога ја немаат посакуваната сила при контакт. Само што сфатив дека за совладување на ножната техника навистина треба врееееме и посветеност(редовност на тренинзи и самостојно вежбање.)



Од ЏиуЏитсу научив дека немора да се има силни раце за да се совлада посилен противник само треба да се има солидна основа и добро извежбана техника. Совет: Од “клуч” може да се ослободите со колут напред. Аикидото е имитација на ЏиуЏитсу и претежно треба навистина долго време за да се стане мајстор како и во секоја боречка вештина, но иако се тврди дека не се повредува противникот вистината е дека противникот може да заврши со скршен врат, рака или зглоб зависи на што ќе слета откако “нежно ќе му ја усмерите силата кон ивицата од тротоарот”.


Интересната работа што ја забележав во боречките вештини е тоа што се развиваат или анимални или роботски рефлекси кои дури некогаш не можете ни да ги контролирате затоа што со милијарда повторувања си се снимиле како рефлекс во р’бетниот мозок. Мајсторството е во тоа да научите да ги контролирате насилните нагони прво своите па туѓите. И најчесто е попаметно да избегнете конфликт одошто да си го добиете своето. Но запамтете едно вистинито правило:ЕСТЕТИКАТА НЕ Е ВАЖНА ВАЖНА Е ЕФИКАСНОСТА. Со други зборови не е важно дали ударот изгледа убаво или привлечно или пак моќно важно е колку е вистински ефикасен. Боречките вештини не се балет иако понекогаш изгледаат убаво поради складните слеани движења. И постои веројатност да отупите од премногу вежбање а малку слушање и размислување. А важно е прво да се консултира литература пред да почнете со вежбање на било која боречка вештина.


Јас по природа не сум насилен и немам намера да се бавам со професија што бара кфалификации во тоа поле. Напротив после некое време сфатив дека патот на ахимса(без насилство-превод ) и патот на неубивање е многу похуман (нормално!) одошто начинот да се научи да повредуваш и да убиваш со телото со изговор дека е тоа самоодбрана.
Ако вежбате вежбајте за здравје, или чин (да се фалите дека имате црн појас хехе) или пак вежбајте како што вежбаат децата со љубопитство и фантазија, нека ви биде вежбањето игра на возрасни а не напор или тежина ( кунг фу на пример во превод значи “тежок напор”) вежбајте да се докажете пред себеси и да се надминете духовно(иако ќе сфатите дека нема некоја духовност во вежбањето освен можноста да котролирате, заплашувате, замолчувате други и можноста да стекнете зрело трпение и инстинкт на мудрост за реакција во вистински момент без разлика дали ќе реагирате вербално или со ќутек).

За Таи Чи Чуан:


Има една кинескиња во Скопје што се вика Чен што предава тај чи чуан. Ама прескапа беше. На часовите по тај чи имаше и стари и млади (постарите најчесто незнаат правилно да вежбаат (постарите беа наши баби пензионери)) и има интересни доживувања. Но напомена:
во никој случај не се залажувајте дека ќе добиете мистични моќи со вежбање на било која боречка вештина, особено тај чи (затоа што се базира на моќ над ки енергија).Тај чи чуан било воведено во кина како општа вежба за стари и млади. Чен ми кажуваше дека незнам кој кинески цар видел дека водата што мирува е блуткава и нездрава а водата што е во движење е свежа и здрава за пиење. Аналогно на водата бидејќи сакал да биде здрав неговиот народ го вовел вежбањето тај чи.


И шаолинските свештеници вежбаат тај чи, и со помош на ки енергија имаат развиено техники како железна тупаница, железна нога, глава. И да кршат дрва и се маваат меѓу нозе со стапови и изгледа дека ништо не им е ама еве ја реалната позадина на моите истражувања за шаолините поконкретно:

За техниката железна тупаница: ако се скрши некоја коска во телото и се санира да израсне правилно се таложи повеќе коскен материјал на местото, старите мајстори на боречки вештини намерно си ги кршеле ударните површини на рацете и нозете за да се таложи повеќе коска и за да бидат поцврсти кога целосно ќе заздрават.(негативниот ефект е реума)
А осетливоста на кожата ја намалувале преку ритуали со горење на вжештени казани со гравури од тигар, змеј, мајмун и плус изгорениците останувале во како цртежи на кожата кои покажуваат на која техника е мајстор човекот.

Што се однесува до кршењето метални шипки од глава, треба да се испита кој метал е во прашање а тука е и факторот дека најцврстата коска од телото е над челото на главата.
За мавањето со стап по гениталии имав гледано забавена снимка како еден шаолин мава друг кој стои на глава со раширени нозе и стапот му го крши од препон(што е исто така болно)ама не е од гениталии, а за ударите со нога во гениталии од стоечка положба лесно може да се напраи трик со суспензор(штитник за гениталии) и веројатно и тоа и го прават.


П.С. По некоја случајност ја имав скршено десната нога ко мал, а после вежбав 6 години таеквондо кајшто главната техника е ножна. Да појака ми е десната нога и побрза ми е од левата ама на промена на време понекогаш ми реагира со реума. :-}


Бидејќи има доста конфузија околу ки енергија или чи и телекинези и телепатии поврзани со демек години и години тренинг на боречки вештини следниве три клипа го објаснуваат и четвртиот.

http://www.youtube.com/watch?v=g3rhGctGl2Q


http://www.youtube.com/watch?v=OQYATSRSJac&feature=relmfu


http://www.youtube.com/watch?v=9BIWhNh5V6Q&feature=relmfu